На Македонија ќе и требаат 86 години за да го достигне животниот стандард на жителите во ЕУ
Според најновите проценки на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), економијата до 2018 година ќе расте со стапки меѓу 3 отсто и 4 проценти .
Економистите велат дека за земја во развој како што е Македонија, тоа е слабо темпо на раст. Не се разликуваат ниту среднорочните прогнози на Виенскиот економски институт, Светска банка и Европската банка за обнова и развој.
Светската банка во својата последна анализа пресмета дека со просечен годишен пораст на БДП од околу 3 отсто, на Македонија ќе и требаат 86 години за да го достигне просечниот животен стандард на жителите во Европската Унија.
Но со стапки на раст над 6 проценти, Македонија ќе се приближи до просечниот БДП по жител во ЕУ за околу 25 години. Затоа меѓународните финансиски институции постојано сугерираат фокусот на економските политики да се стави на забрзување на растот.
