Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Македонците, Србите и Турците им е најтесно дома

На Македонците, Србите и Турците им е најтесно дома

На Македонците, Србите и Турците им е најтесно дома во цела Европа. Според „Евростат“, во овие три земји најмногу се пожаиле дека имаат мал простор за живеење или пак дека дома им е „гужва“ поради животот во заедница.

Со ваков проблем се соочуваат 50,1 насто од Македонците, кај Србите тоа се 55,5 насто, а кај Турците износот е 73 проценти.

Кај земјите од ЕУ со ваков проблем доминираат оние од поранешниот Источен Блок - Романија (48,4%), Летонија (43,2%), Бугарија (42,5%), Хрватска (41,1), Словачка (37,9%).

Европскиот просек е 16,6 насто, а над него од членките кои се поодамна примени во европската унија се уште Грција (28,7%) и Италија (27,8%).

Во Македонија 14,4 насто се „пожалиле“ дека им е широко дома.

Слично

Поврзани вести