НА ЛИСТАТА НА НАЈБОГАТИ СЛОВЕНЦИ НА ПРВО МЕСТО Е БРАЧЕН ПАР - во Војводина купиле земјиште од 4.000 хектари, еве што ќе прават
Бизнис магазинот Finance објави листа на 100 најбогати Словенци, кои заедно имаат имот вреден 7,1 милијарди евра, а на прво место се најде брачниот пар Сиа и Само Логин, кои неодамна купија 4.000 хектари земјиште во Војводина.
Во споредба со минатата година, богатството на најбогатите Словенци се зголемило за 1,3 милијарди евра, што е најголем скок од 2008 година. Споменатите сопружници сега се на врвот на листата. Станува збор за поранешните сопственици на компанијата Outfit7 (позната по апликацијата „Talking Tom“), кои продолжија да работат заедно во бизнисот и по оваа продажба. Бизнисот беше продаден за милијарда долари на кинеската компанија Zhejiang Jinke Entertainment Culture Co., и тоа беше најголемата продажба на компанијата досега во Словенија.
Нивното богатство сега се проценува на 689 милиони евра. На српската јавност и станаа познати откако купија повеќе од 4.000 хектари земја во Војводина со цел да ја пуштат во употреба една од најголемите платформи за органско земјоделско производство во Европа.
Логин на тоа земјиште во моментов развиваат нови технологии и не користат ништо од животинско потекло во производството.
„Развиваме технологија за зелено ѓубриво затоа што според мене тоа е единствениот одржлив начин земјоделците сами да произведуваат ѓубриво“, потенцираат Логин во изјава за домашните медиуми и додаваат дека засега се фокусирани на полските култури (жито, сончоглед, грашок, соја), кои, како што вели се неизбежни за обезбедување исхрана на човекот.
Повеќето работат директно во земјоделството, но се зголемува и бројот на ИТ професионалци. Поради климатските промени, велат, производството се повеќе ќе се заснова на податоци за квалитетот на почвата, садниот материјал, семињата, временските услови, кои ќе ги обединат новите технологии, пренесува РТС.
Логинови ја основаа и „Фондацијата Логин5“, на чија веб-страница посочуваат планови за органско производство во Србија. Идејата, како што пишува на сајтот, е со нивниот пример да се поттикне локалното население за одржливо земјоделско производство.
На листата на најбогати во Словенија, под Логин, се наоѓаат Санди Чешко и Ливија Доланц со богатство од 355 милиони евра, семејството Шешок, а на листата се појавија и неколку интересни дебитанти. Најзвучно ново име на листата секако е прославениот млад кошаркар Лука Дончиќ со богатство проценето на 29,4 милиони евра.
Прочитајте колку чини хектар во Војводина, податоците покажуваат дека на некои места е поскап отколку во Шпанија.
Извор: Блиц.рс
фото: Ал Џезеира
