На листа за бришење над 8.000 фирми
Над 8.000 фирми се ставени на листа за бришење во Централниот регистар на Република Македонија.
Регистарот ќе ги брише од евиденција фирмите коишто не ги исполниле законските обврски до крајот на минатата година, односно не поднеле годишна завршна сметка за 2014 година или не поднеле пријава за упис на адреса на електронска пошта.
На листа за бришење се фирми од различни сектори и тоа амбуланти, трговци на големо и мало, превозници, пекарски работилници, салони за мебел, автосервиси, киосци, бутици, продавници за мешовита стока, увозно-извозни фирми, цвеќарници, кабелски оператори, музички уметници, таксисти, филмски продукции и други.
На овие компании во согласност со законските регулативи им се дава рок една година да поведат стечајна постапка или да ја ликвидираат фирмата. Ако не го сторат тоа ќе бидат избришани во Централниот регистар.
Слично
