На лицата со хендикеп не им треба милосрдие, туку рамноправност!
Колку лица со хендикеп би можеле да се вработат според законските измени со кои јавниот и приватниот сектор се обврзува на секои 35 вработени, да обезбеди работно место и за лице се хедикеп? Дали овие лица ќе ги изгубат сегашните бенефиции што им ги дава државата? Како се оценува сегашниот економски и социјален статус на лица со инвалидитет? На оваа тема за “Фактор“ зборува Томислав Ортаковски, прграмски раководител на “Полио Плус“, движење против хендикеп.
Ортаковски: Во секоја земја во која е имплементиран квотниот систем првичните реакции на бизнис секторот биле слични. Иако на краток рок постојат одредени негативни финансиски импликации за фирмите, на среден и на долг рок финансиските бенефити за компаниите се непроценливи. Дури и на краток рок, импликациите се намалуваат со оглед дека ќе бидат достапни средства од Посебниот фонд за адаптација на работното место и купување на соодветна опрема за непречена работа на вработениот со хендикеп. Во секој случај, постојат повеќе модалитети на кој може да се намалат овие импликации и да се зголеми профитот на компаниите. Полио Плус веќе неколку години нуди консултантски услуги поврзани со бизнис и хендикеп на фирмите кои и без вакво законско решение ги препознаа бенефитите од вработување лица со хендикеп. Нашата консултативна програма овозможува работодавачите да го инкорпорираат феноменот хендикеп во своето редовно работење, да се надминат стереотипите и стигмата која најчесто постои помеѓу останатите вработени, соодветно да се адресираат сите прашања поврзани со хендикепот, а преку тоа да се унапреди целокупното работење на компанијата. Сепак, општествената одговорност на компаниите кон средината во која делуваат е нешто што би требало секоја фирма да го препознае, надогради и, конечно, да ги жнее бенефитите од своите заложби.
ФАКТОР: Дел од стопанските групации исто така сметаат дека на ваков обврзувачки начин, компаниите ќе треба да ја вршат работата на државата – односно дека тие ќе треба да се грижат за оваа категорија на граѓани?
Вработените со хендикеп не се ништо помалку или повеќе од било кој друг вработен во компанијата. Уште повеќе, никој не треба да ја потенцира заштитната улога кон истите, а камо ли дека тие се објект на милосрдие и грижа. Нашите сограѓани со хендикеп во поголемиот дел се работоспособни, па дури и во некои случаи поспособни отколку Вие или јас. Само треба да се овозможат услови за самите да се реализираат. Секако, тие услови се поспецифични отколку тие што Ви се потребни на Вас или на мене. Со ратификација на Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп на ООН, Македонија се обврза на целосна инклузија на лицата со хендикеп во сите општествени сфери, вклучувајќи го и вработувањето. И ние како организација инсистираме Македонија да си ги почитува своите обврски на меѓународно ниво. И конечно, работа на државата е да овозможува еднакви услови за сите – во конкретниот пример еднакви услови за вработување, задржување на работното место и напредување во кариерата на лицата со хендикеп.
Ортаковски: На секое работно место согласно својата стручна подготовка и стекнато работно искуство. Секако, тука има улога и степенот на преостаната работна способност, но во ова време на напредни технички и технолошки решенија и овој предуслов лесно се надминува. Во секој случај, ова прашање допира подлабоко во степенот на образование со кој се има стекнато конкретното лице со хендикеп, а не во стереотипното гледање дека за лицата со хендикеп треба да има посебни работни места или, пак, дека тие се способни да извршуваат само одредени работни задачи. Во суштина, редовниот образовен систем треба целосно да ги вклучи и децата со хендикеп од најрана возраст, со цел да ги стекнат неопходните знаења и вештини за да можат да бидат корисни членови на нашето општество. А, тоа, пак, би се направило со маргинализација на т.н. специјални училишта за деца со хендикеп, кои и така имаат застарени образовни програми и не произведуваат соодветни кадри барани на пазарот на трудот.
ФАКТОР: Како се оценува сегашниот статус на лицата со хедикеп? Дали тие ја добиваат потербната помош од државата – од социјалните надоместоци до онаа инфрастуктура неопходна за движење. Ние сме сведоци дека голем дел од институциите пред се немаат обезбедено соодветен приод за хендикепирани лица односно тие се соочуваат со физичка бариера?
Ортаковски: Нашите заложби се за целосно и достоинствено уживање на човековите права од лицата со хендикеп. Од тој аспект, статусот на лицата со хендикеп во различни сфери е, природно, различен. Некаде требаат помалку подобрувања, некаде повеќе. Тука, првенствено ги имам предвид основните сфери од интерес за лицата со хендикеп каде што треба да се направат интервенции – образованието, работата и вработувањето, пристапноста и достапноста до и во објектите, пристапноста и достапноста на добрата и услугите, како и сервисите за поддршка и независното живеење. Конкретно, пристапноста и достапноста на објектите во целина, не само институциите, е на многу незавидно ниво. Тоа е резултат на систематската сегрегација и стигматизација на лицата со хендикеп – пракса која ја наследивме од претходниот систем. Многу се свежи законските решенија во Македонија кои го регулираат ова прашање – Законот за спречување и заштита од дискриминација непристапноста до и во објектите го третира како дискриминација од 2010 година (кога е и донесен), додека последните измени на Законот за градење од оваа година ја наметнаа обврската на локалната самоуправа да овозможи пристапни и достапни јавни површини. На ова поле претстои многу работа.
ФАКТОР: Како се оценуваат бенефициите што сега ги имаат лицата со хендикеп?
Ортаковски: А што се однесува на социјалните надоместоци, истите се предмет на политичка одлука во секоја земја. Тука е многу важно да се направи разлика помеѓу правата и бенефициите. Правата, без разлика на државните политики, припаѓаат на индивидуите (со или без хендикеп) и се нивен неоттуѓив дел, додека висината на социјалните бенефиции се дефинира согласно политиките. Земете го предвид додатокот за мобилност – месечна финансиска бенефиција за одредени категории лица со хендикеп. Целта е да се поддржи мобилноста на лица со хендикеп и нивното учество во сите општествени текови (да стигнат од и до работа, да одат во кино, да посетуваат различни културни, спортски и други настани итн.). Но, во недостаток на обврска лицето да биде мобилно и негова отчетност за начините на кои се искористени средствата за мобилност, доаѓаме во ситуација кога овие средства се користат како финансиска инекција во семејниот буџет. Во голем дел од европските земји е вклучен овој принцип на обврска да се биде мобилен доколку се користат државни средства за мобилност. Тоа е така затоа што импликациите од мобилноста на лицата со хендикеп се неизмерно подлабоки од обична финансиска трансакција – на овој начин лицето добива можност да се надоградува во полињата по свој избор, да се социјализира, да оформува лични и професионални пријателста, да ги развива и продлабочува своите интереси и афинитети... Со други зборови, да стекнува искуства кои се непроценливи во финансиска смисла. Само така се врши мултипликација на ефектите од воведување на ваков додаток.
ФАКТОР: Каде и како треба да се зајакната политиките за подршка на лицата со хендикеп?
Ортаковски: Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп на ООН е таа што ги поставува целите кон кои секоја држава треба да се стреми. Согласно можностите и специфичните потреби, државата-потписничка прави стратегија како и по кој редослед ќе ја подобрува состојбата на лицата со хендикеп во сите животни сфери. И, секако, потоа таа стратегија треба да ја исполни, надогради, да го исполни надограденото, повторно да ја надогради итн. Полио Плус ги има мапирано и можностите и потребите на национално ниво и имаме наша стратегија како македонското општество да достигне понапредна фаза на имплементација на одредбите од Конвенцијата. Соработувајќи со сите општествени чинители и креирајќи партнерски односи, работиме да го овозможиме непреченото и достоинствено уживање на човековите права на сите лица со хендикеп, независно од видот на хендикеп. Имајќи го предвид меѓународното начело на лицата со хендикеп „Ништо за нас без нас!“, инсистираме лицата со хендикеп и нивните претставници да бидат вклучени во секое ниво на креирање политики и законодавство, како и во секое ниво на нивна имплементација. Така и ќе продолжиме.
Д.А.
Подобар стандард и статус...ФАКТОР: Како се оценува законското решение со кое по 1 ви јануари, приватниот и државниот сектор ќе биде обврзан да вработува лица со инвалидитет, односно обврската значи дека на секои 35 вработени ќе мора да се вработи по едно лица од оваа ранлива категорија на граѓани? Ортаковски: Новиот Закон за вработување на лица со инвалидитет претставува иновативно решение, кое за прв пат се имплементира кај нас. Со воведување на квотниот систем за вработување на лица со хендикеп во приватниот и јавниот сектор се воспоставува афирмативна мерка од страна на државата, која треба да го унапреди целокупниот квалитет на животот на лицата со хендикеп, како и да обезбеди нивна целосна инклузија во општествените текови. Самиот чин на вработување на лицето со хендикеп, согласно предложениот закон, нема да биде во колизија со останатите финансиски бенефиции кои одредени категории на лица со хендикеп веќе ги добиваат од државата (на пример додаток за нега од трето лице и додаток за мобилност/слепило), доколку месечните примања на лицето се пониски од просечната плата во Македонија. Полио Плус – движење против хендикеп го поздравува носењето на овој закон и ќе продолжи да се залага за негово понатамошно унапредување. ФАКТОР:Какви ефекти се очекуваат од ова законско решение, колку лица со хендикеп би можеле да добијат статус на вработени? Ортаковски: Со отварање на пазарот на трудот за лицата со хендикеп, во значителна мерка треба да се унапреди целокупната состојба на лицата со хендикеп. Посебно нивната финансиска состојба, а со тоа и целосната инклузија во општеството. Според пресметките на Министерството за труд и социјална политика (наши интерни пресметки немаме, но во консултација со претставници на работодавачите сметаме дека бројките на МТСП се реални), околу 5.000 лица со хендикеп ќе се вработат на отворениот пазар на труд, додека уште околу 2.000 во државната и јавната администрација. Сепак, ако некоја компанија реши поради било која причина да не вработува лица со хендикеп, истата ќе треба да го поддржи вработувањето и работењето на вработените со хендикеп во другите компании преку финансиска поддршка на Посебниот фонд за подобрување на условите за работа и вработување на лица со хендикеп во вредност од минималната бруто плата во РМ. На тој начин ќе се овозможат пристапни, достапни и прилагодени работни места за вработените со хендикеп – неопходен услов за професионално извршување на работните задачи.
За реакциите на бизнисмените...ФАКТОР: Дел од бизнисмените велат дека од аспект на приватниот сектор, едно вакво обврзувачко решение нема да даде ефекти, односно дека на ваков начин државата директно задира во деловните и кадовските одлуки на самите компании?
Ортаковски: Во секоја земја во која е имплементиран квотниот систем првичните реакции на бизнис секторот биле слични. Иако на краток рок постојат одредени негативни финансиски импликации за фирмите, на среден и на долг рок финансиските бенефити за компаниите се непроценливи. Дури и на краток рок, импликациите се намалуваат со оглед дека ќе бидат достапни средства од Посебниот фонд за адаптација на работното место и купување на соодветна опрема за непречена работа на вработениот со хендикеп. Во секој случај, постојат повеќе модалитети на кој може да се намалат овие импликации и да се зголеми профитот на компаниите. Полио Плус веќе неколку години нуди консултантски услуги поврзани со бизнис и хендикеп на фирмите кои и без вакво законско решение ги препознаа бенефитите од вработување лица со хендикеп. Нашата консултативна програма овозможува работодавачите да го инкорпорираат феноменот хендикеп во своето редовно работење, да се надминат стереотипите и стигмата која најчесто постои помеѓу останатите вработени, соодветно да се адресираат сите прашања поврзани со хендикепот, а преку тоа да се унапреди целокупното работење на компанијата. Сепак, општествената одговорност на компаниите кон средината во која делуваат е нешто што би требало секоја фирма да го препознае, надогради и, конечно, да ги жнее бенефитите од своите заложби.
ФАКТОР: Дел од стопанските групации исто така сметаат дека на ваков обврзувачки начин, компаниите ќе треба да ја вршат работата на државата – односно дека тие ќе треба да се грижат за оваа категорија на граѓани?
Вработените со хендикеп не се ништо помалку или повеќе од било кој друг вработен во компанијата. Уште повеќе, никој не треба да ја потенцира заштитната улога кон истите, а камо ли дека тие се објект на милосрдие и грижа. Нашите сограѓани со хендикеп во поголемиот дел се работоспособни, па дури и во некои случаи поспособни отколку Вие или јас. Само треба да се овозможат услови за самите да се реализираат. Секако, тие услови се поспецифични отколку тие што Ви се потребни на Вас или на мене. Со ратификација на Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп на ООН, Македонија се обврза на целосна инклузија на лицата со хендикеп во сите општествени сфери, вклучувајќи го и вработувањето. И ние како организација инсистираме Македонија да си ги почитува своите обврски на меѓународно ниво. И конечно, работа на државата е да овозможува еднакви услови за сите – во конкретниот пример еднакви услови за вработување, задржување на работното место и напредување во кариерата на лицата со хендикеп.
Какви ефекти дадоа досегашните политики за помош на хендикепирани лица..ФАКТОР: До сега државата застапуваше и спроведуваше политика на стимулирање на вработувањата за лицата од оваа категорија, преку субвенционирање на вработувањата. Како се оценуваат овие ефекти? Ортаковски: Секоја држава го прави тоа – тоа е и суштината на афирмативните мерки во секое поле, така и за поттикнување на вработувањето на граѓаните со хендикеп. Проблемот со постоечкото законско решение е тоа што ова „субвенционирање“ беше насочено исклучиво кон заштитните фирми. Од друга страна, заштитните фирми сами по себе протажираат сегрегација, со тоа што лицата со хендикеп се насочуваа да се вработуваат таму. Сопствениците, пак, на овие заштитни друштва добиваа огромни финансиски средства од државата за секој вработен со хендикеп, најчесто злоупотребувајќи ги лицата со хендикеп за да дојдат до тие средства. Секако, не сите заштитни друштва ги злоупотребуваат вработените со хендикеп, но нивниот процент е многу поголем. Резултатот беше одреден број на лица со хендикеп вработени во заштитниот сектор најчесто само на хартија, додека истите лица седеа дома и добиваа мал процент од „платата за која се договориле“ со работодавачот во заштитната фирма – поголемиот процент го враќаа кај работодавачот. Најзагрижувачко е што сеуште заштитниот сектор доминантно функционира на овој начин. Уште еднаш сакам да потенцирам – не сите заштитни фирми го прават ова. Но, исклучоците само го потврдуваат правилото. Затоа, новиот закон се фокусира на отворениот пазар на труд како примарен за инклузија на лицата со хендикеп во општеството, под еднакви услови со сите. Секако дека постојат можности за негово понатамошно унапредување и ние како организација ги користиме сите можности за да придонесеме кон создавање на посоодветно заокружен систем за вработување на лицата со хендикеп. ФАКТОР: Каде и на кои работни места би можеле да се вработат лицата со хендикеп?

Слично