Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА: Бугарите спремаат евтини понуди за во септември

НА КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА: Бугарите спремаат евтини понуди за во септември

Понудите за одмор по крајбрежјето на Црното Море ќе се многу поволни од оние кај нашиот јужен сосед Грција во наближувањето на викендите околу 6 септември.

Тоа го констатирале хотелиерите кои веќе подготвуваат специјални понуди за четирите викенди.

„Цените ќе бидат на половина на грчките, правиме понуди за 60 лева ол инклузив на ден“, објаснува сопственикот на хотел од Приморско.

Генерално сличен тип ол инлкузив пакети во септември ќе се движат од 80 до 100 лева за четиричлено семејство.

Пакетите во Сончев Брег и Несебар нема да бидат повисоки, додека понудите во Грција за истиот период само за ноќевање почнуваат од 30 евра.

Цените од 1 септември по Црното Море почнуваат од 14.50 лв. за човек на ден во 3-ѕвездени хотели во Равда на пример и стигнуваат до 22 лева за ноќевање на Златните Песоци. Во повеќето цени е вклучен и појадок.

Очекувањата на бизнисот се цените во одморалиштата на Јужното крајбрежје на Црното Море во оваа сезона да паднат со повеќе од 10-12%, иако хотелиерите се обединети во ставот дека за разлика од зимските центри, цените по морето се разумни и прифатливи и нема потреба да бидат намалувани повеќе од тоа.

Хотелиерите сметаат дека нивните приходи оваа година ќе се пониски поради ниската куповна моќ на Бугарите, кои се главните посетители на јужното крајбрежје на Црното Море.

Сепак се подготвени да ги намалат цените за да ја продолжат сезоната. Цените за изнајмување на авиони, аквипаркови и делтапланери се движат помеѓу 50 и 150 лева, во зависност од времетраењето и бројот на туристите кои ја уживаат услугата.

Планинските одморалишта исто така пуштаат повластени цени за викендите покрај 6 и 22 септември. Викендите во Пампорово, Банско и Боровец се со 30-40% попуст. Во Сандански, Велинград, пак, има и специјални СПА понуди кои почнуваат од 30 лева на ден.

Слично

Поврзани вести