Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Косово веќе има тројца уапсени за убиството во Глоѓан во Дечане

На Косово веќе има тројца уапсени за убиството во Глоѓан во Дечане

На Косово веќе има тројца уапсени за убиството во Глоѓан во Дечане, потврди вчера главниот обвинител на Основното обвинителство во Пеќ, Агим Курмехај.

Тој вети дека полицијата ќе продолжи со поинтензивната истрага за да се расветли убиството на возачот на автобусот и двајцата ученици.

„По инцидентот започнавме интензивни истраги со помош на државното Обвинителство. По интензивна работа, приведени се три лица, поради сомнение дека сториле кривично дело „тешко убиство“. Обвинителството им одреди 48 часа притвор“, рече Курмехај.

Уапсени се Халил Мехметај и неговите два сина Крешник и Малсор Мехметај од Глоѓан, а за мотивот за тројното убиство медиумите пишуваат дека е одмазда за самоубиството на 20-годишна девојка од Глоѓан, која се самоуби во 2020 година, за што семјеството го обвинува сега починатитот возач Гани Ѓокај. Убиството се случи на 26 ноември. 

Фото: Скриншот, Јутјуб

Слично

Поврзани вести