На Косово уапсен маж кој повикувал на напади за Велигден
Полицијата во околината на косовскиот град Пеќ го уапси Рагип Абдули за кого се сомнева дека повикувал на терористички напади, пренесуваат српските медиуми.
Абдули се сомничи дека преку социјалните мрежи повикувал на тероризам.
Косовската полиција го крена нивото на готовност пред Велигден.
Според РТС, полицијата применува посебен оперативен план на дополнително обезбедување на манастирите и црквите.
На сите припадници на косовската полиција кои се на годишен одмор им е наредено да се вратат на работа. На сите полицајци работното време им е продолжено од 8 на 12 часови.
Американската амбасада во Приштина предупреди на можноста од терористички напади на Косово.
Во предупредувањето до своите државјани, американската амбасада потсетува дека терористи во регионот од претходно планирале да нападнат чувствителни „меки цели“, вклучувајќи цркви и храмови, пешачки центри, спортски терени и јавни собири.
Американската амбасада ги повика своите државјани да ги преиспитаат движењето и намерите, да ја зачуваат личната безбедност.
