Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Косово никогаш повеќе нема да има ниту српска полиција, ниту војска, вели Османи

На Косово никогаш повеќе нема да има ниту српска полиција, ниту војска, вели Османи

Во Косово никогаш веќе нема да има српска војска и полиција,  вели  косовската претседателка, Вјоса Османи. 

Таа изјави дека „на територијата на Република Косово никогаш веќе нема да има ниту полиција ниту војска на Србија“, јави дописникот на МИА од Приштина. Официјален Белград денеска соопшти дека „се разгледува можноста“ за испраќање илјада војници во Косово. Српските власти рекоа дека тоа е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации. 

За ова, Османи кажа дека „хегемонистичкиот сон на Србија нема да заживее никогаш“.

Српската премиерка Ана Брнабиќ, оцени дека ситуацијата на Косово е на работ на вооружен конфликт, откако синоќа над 300 припадници на косовската полиција влегоа и се распоредија во Северна Митровица.

На Косово маскирани лица нападнале новинарски екипа. 

Припадник на косовската полиција е ранет во синоќешниот вооружен напад врз полициска патрола во селото Србовац, во општина Звечане, во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.


Слично

Поврзани вести