На концертот на Гета: Државата гори, фикус се журка
Концертот на мега популарниот Дејвид Гета го одбележа герила акција, со голем транспарент, на кој беше испишано: Државата гори, фикус се журка.
Сепак, транспарентот брзо беше отстранет, веројатно поради политичката коректност на организаторите.
Инаку вчера почна фестивалот „Skopje Calling“ а е во организација на Авалон продукција.
David Guetta; роден на 7 ноември 1967 во Париз) е француски продуцент на хаус музика и диџеј.
Првично како диџеј во ноќни клубови во 1980-те и 1990-те, тој бил ко-основач на Gym Productions и го издал својот прв албумJust A Little More Love во 2002. Потоа тој ги издал албумите Guetta Blaster во 2004 и Pop Life во 2007. Албумот One Love кој го издал во 2009, ги содржел големите хитови "When Love Takes Over" (заедно со Кели Роуленд), "Gettin' Over You" (заедно соКрис Вилис, Ферги и LMFAO) како и синглот "Sexy Bitch" (заедно со Акон) со кој се искачил во ТОП-5 хитови во САД, а сите три песни го достигнале врвот на листите во Велика Британија.
Гета има продадено над три милиони албуми и 15 милиони синглови во светот.
Тој е еден од најбараните музички продуценти во светот, а вчера ги забавуваше скопјани.
Слично
