Економија, финансии, бизнис

Контакт

На колку деца во земјава и светот им се злоупотребува трудот?

На колку деца во земјава и светот им се злоупотребува трудот?

Меѓународниот ден за борба против злоупотребата на детскиот труд-12 јуни денеска се одбележува во целиот свет.

Акцентот годинава е ставен на злоупотребата на децата во синџирите за набавка.

Во светот има околу 168 милиони деца чиј што труд се злоупотребува од возрасните.

Ова го покажуваат податоците на Меѓународната организација на трудот. Според истите податоци, скоро десет милиони деца работат во услови на ропство. Овие деца не ги уживаат своите основни права и слободи, како што се правото на грижа за нивното здравје и право на образование.

Според податоци на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, во Република Македонија постојат 18500 деца кои не одат на училиште, повеќе од 2000 деца кои своето секојдневние го поминуваат на улиците. Тие питаат или продаваат разни производи.  Околу 1500 деца немаат извод од матичната книга на родените. Овие деца се со ралична возраст и националност и нив им се злоупотребува трудот.

Првата детска амбасада во светот апелира да се обезбеди вклученост на сите деца во образовниот процес. Сметаат дека тоа е најдобриот начин за успешно искоренување на злоупотребата на детскиот труд.

Едно дете повеќе во училница – едно дете помалку на улица.

Слично

Поврзани вести