На кој начин нема да ги признае изборите, СДСМ ќе објави утре
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ноќеска нема да одржува повеќе пресконференции. Иако партиското раководство е во постојано заседавање, сепак никој не сака да коментира на кој начин ќе се реализира најавата на опозициската партија за непризнавање на изборните резултати.
Партиски извори за Фактор остануваат на изјавата на лидерот на партијата Зоран Заев, а повеќе детали за тоа како ќе се изведе непризнавањето на изборите ќе биде соопштено утре околу пладне.
Заев претходно објави дека СДСМ не ги признава изборите и бара итно да се формира техничка влада. Експертите велат дека е рано да се предвиди дали најавите на опозицијата значат вовед во нова политичка криза, со оглед на тоа што најпрвин СДСМ треба да се изјасни дали нејзините пратеници ќе ги вратат мандатите или ќе одлучат на друг начин да не ги признаваат изборните резултати.
Слично
