НА КОЈ МУ СМЕТА ШАРЕНИЛОТО: По протестот исчистена улицата пред Собрание
Граѓанското движење „Протестирам“ и вчера вечерта се собра на протест во Скопје за да ја потсети власта на рокот кој го поставија за исполнување на нивните барања.
Како и обично стартно место на демонстрантите беше СЈО.
Боејќи ја улицата пред Собрание демонстрантите потсетија дека останале уште осум дена до рокот кој го поставија, 18 јуни, истакнувајќи дека до тогаш барем две нивни барања мора да бидат исполнети.
Опозицијата која целосно ги поддржа барањата на граѓаните бара до поставениот ултиматум Владата да поднесе оставка, а Уставниот суд да се изјасни за уставноста на Специјалното јавно обвинителство.
Демонстрантите бараат и ослободување на сите демонстранти кои учестувале во протестите, формирање на специјлално одделение при Кривичниот суд за предметите на СЈО, вклучување на граѓанските организации во преговорите за излез од кризата и оставка на претседателот Ѓорге Иванов.
[caption id="attachment_221294" align="aligncenter" width="610"]
Фото: Лазар Симеонов-фејсбук[/caption]
Веднаш по завршувањето на протестот градските служби излегоа на терен и ја исчистија шарената улица пред Собрание.
Улицата како што може да забележите од фотографиите беше целосно обоена.



