Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Катица Јанева ѝ ги одврзаа рацете!

На Катица Јанева ѝ ги одврзаа рацете!
Донесен е долгоочекуваниот закон за јавнообвинителска служба, Заев ги предаде прислушуваните материјали во СЈО, со што рацете на Јанева и нејзиниот тим се комплетно одврзани. Сега специјалното обвинителство ќе може да ангажира и стручни соработници кои ќе помагаат на обвинителите во расчистување на евентуалните криминали содржани во бомбите. Прв предмет на кој ќе работи СЈО се изборните нерегуларности, каде кривични пријави од СДСМ веќе добија целото раководство на ВМРО ДПМНЕ. Јанева беше избрана за специјална обвинителка како дел од договорот од Пржино. Таа состави тим од 14 обвинители и порача дека ќе нема милост за никого. „Никој нема да биде над законот“ рече Јанева, порачувајќи дека не стравува од притисоци, а очекува дека ќе се соочува со пречки во работата. Таа рече дека првите обвиненија ќе стасаат во периодот од крајот на декември до 15 ти март следната година, дека ќе работат темелно и правично. Изминативе денови тимот на Јанева беше на голем удар на дел од медимите кои негуваат провладина уредувачка политика.
Слично

Поврзани вести