На избори може да се заработи: Србин го продава гласот за 2.000 евра
Српски државјанин се обидел да заработи на претстојните предвремени парламентарни избори во земјата, така што својот глас го понудил на продажба преку оглас. Почетната цена е 2.000 евра.
„Објавувам дека моето официјално граѓанско право и должност од денес е на продажба. До 16-ти март има уште малку време, затоа побрзајте, можеби токму мојот глас ќе ви биде потребен да преговарате за коалиција или слично“, им пишал овој граѓанин на политичарите од сите партии во огласот.Во пакет со својот глас, тој го нуди и гласот на својата сопруга, се разбира за оние што се подготвени да платат повеќе.
„Доколку дадете поголема цена од 2.000 евра, постои можност да ја убедам и својата сопруга да гласа токму за Вас, партијата или коалицијата. За дополнителни 50 евра ќе се обидам техниката со која што ќе го нацртам кругот, да добие бонус кај изборната комисија за уметничка импресија“, се додава во огласот.Овој досетлив српски граѓанин вели дека до сега победувал секој за кого мгласал на изборите.
Слично
