На Интернет Владата ќе нуди неискористени хали и објекти за бизнисмени
Информациите за околу 400 неискористени хали и објекти низ земјава преку веб страница ќе им бидата достапни на заинтересираните инвеститори. Според најавите, веб страницата треба да биде пуштена во текот на септември. На неа, соопшти премиерот Никола Груевски, ќе им бидат понудени детални информации за објектите шпо ќе можат да ги купат потенцијалните инвеститори.
Целта на овој проект е им овозможи на вложувачите комплетни податоци за расположливите капацитети на едно место.
„ Најголем број од инвеститорите градат нови капацитети зашто не знаат дека располагаме со објекти кои во моментов од различни причини не се во функција, а може да се искористат со мали интервенции, особено во однос на правната состојба која кај дел од нив е сложена“, ијвави премиерот.
Со интернет страницата ќе раководи Агенцијата за привлекување инвестиции, а проектот се крчка неколку месеци.
Претходно владата најви дека повеќе од 400 фабрики, хотели, оранжерии, дел од нив се во државна, други во приватна сопственост ќе се нудат на потенцијалните инвеститори како можни локации за браунфилд инвестиции. Како што посочија владините претставници, станува збор за објекти кои се во стечај или долго време не работат.
Инвеститорите ќе имаат можност да ги реновираат или од почеток да ги изградат објектите, а дозволено ќе им биде и да ја променат постоечката дејност.
Слично
