На информативен разговор во полиција е повикан Томислав Кежаровски
Новинарот Томислав Кежаровски денеска е повикан на информативен разговор во полициска станица „Беко“.
Како што пишува Кежаровски на својот профил на „Фејсбук“, поканата е поради боењето на Собранието на 28 мај за време на протестите.
„ПС ’Центар’ издале телеграма по мене за информативен разговор. Ќе одам денеска во 18.30 часот во полициската станица. Ме викаат заради вмешаност во боење на Собранието. Со оваа пријава, мојата биографија ќе биде комплетна“- напиша тој.
Со оваа пријава моето CV ке биде комплетно, пишува новинарот на социјалните мрежи.
Слично
