Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Хрватска и се закануваат тужби поради нафтата?

На Хрватска и се закануваат тужби поради нафтата?

Нафтените компании кои дале понуди за работа околу нафтата и гасот во Јадранот, вреден милиони долари, ако до 2 јануари не направат договори, би можеле да ја тужат Хрватска, пренесува Нова.економија.рс.

Дневник.хр пак наведува дека големите нафтени компании веќе трета недела чекаат со државата да склопат договори на векот, како што ги нарекуваат во тамошната влада.

Шест големи нафтени компании одамна ги пратиле своите понуди за експлоатација на нафта и гас на 15 од 29 истражени простори во Јадранот. Агенцијата ја завршила својата работа.

„Можам да речам дека ние уште на 24 ноември ги оценивме пристигнатите понуди. Избравме понудувачи кои ги задоволиле критериумите со самото јавно наддавање и ги упативме во процедурата на владата на Хрватска за предлог одлуките за издавање на дозвола  а избраните понудувачи“, изјавила Брабара Дориќ од Агенцијата за јаглеводороди.

Таа предупредила дека одговелкувањето би можело да го загрози проектот. „Времето лета. Крајниот рок е 2 јануари“, рекла таа, додавајќи дека не знае каде „закочило“.
Ако се промаши рокот за одлуката за дозволи, понудувачите ќе може да бараат банкарска гаранција, но и да ја тужат Хрватска за настанатите трошоци, наведува Дневник.хр.
Сајтот потсетува дека министерот за економија Иван Врдолјак претходно рекол дека се ќе заклучи до крајот на годинава, а пред два дена дека на 2 јануари ќе биде оддржана првтата седница на владата во 2015 и дека „сите одлуки ќе бидат донесени со време“.
И.Р
Слично

Поврзани вести