Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Хрватите им тргна, го дочекаа петтиот раст

На Хрватите им тргна, го дочекаа петтиот раст

Бруто домашниот производ на Хрватска порасна во четвртиот квартал 1,9 одсто во однос на истиот период 2014 година.

Според објавената прелиминарна проценка на Државниот завод за статистика на Хрватска, економскиот раст е побавен од претходнио квартал и помал отколку што се очекуваше, но тоа сепак е петто последователно тромесечие на раст на БДП, информира пословни дненик.

Осум макроекономисти кои учествувале во анкетата на Хина , во просек прогнозирале раст од 2,1 одсто на годишно ниво во последното ланско тромесечие. При тоа нивните проценки на раст се движеле во распон од 1,8 до 2,6 посто.

Во третиот квартал хрватскиот БДП скокнал 2,8 одсто , најмногу од второто тромесечие пред рецесисијската 2008 година.

Во цела 2015 година хрватската економија реално пораснала за 1,6 проценти во однос на 2014 година.

Според сезонските прилагодливи податоци, БДП во четвртиот квартал ослабнал во однос на претходниот квартал 0,5 одсто, додека во однос на четвртото тромесечие претходната година скокнал 2,0 одсто, се наведува во текстот.

Слично

Поврзани вести