Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Хрватите им се закануваат ограничувања за работа во ЕУ

На Хрватите им се закануваат ограничувања за работа во ЕУ

Франција веројатно ќе го следи примерот на повеќето држави од Европската унија кои воведоа ограничување за работа на Хрвати во ЕУ во првите две години од членството на Хрватска во Унијата.

Тоа ќе биде заради стравување од бран хрватски работници на пазарот на труд, јавија хрватските медиуми повикувајќи се на извор од француското МНР.

- Се уште не е донесена конечна одлука. Факт е дека Хрватска има помалку жители од Бугарија и Романија, но Франција ќе воведе ограничување за некои професии во првите две години. Не сметам дека тие ограничувања ќе останат во сила, по 1 јули 2015 година, наведе изворот.

Францускиот Парламент вчера едногласно го ратификуваше хравтскиот договор за членство во Европската унија. Со тоа Франција стана прва држава во оваа година која и отвори пат на Хрватска кон ЕУ. Франција е 21-та држава од ЕУ која потврди за пристапниот договор на Хрватска.

Германија прва одлучи да го затвори својот пазар на трудот за Хрватите во првите две години од членството во ЕУ, со исклучок на сезонски работници и на научници.

Слично

Поврзани вести