Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Халкидики автомобил излетал од патот и завршил во морето

На Халкидики автомобил излетал од патот и завршил во морето

Автомобил влета во Егејското море, a патниците сами излегле од возилото. 

Настанот се случил вчера напладне на Халкидики, поточно во Куцупија Санис, јавуваат грчките медиуми и пишуваат дека не се познати причините зошто возилото завршило во вода. Службениците на крајбрежната стража веднаш излегле на местото на настанот  при што констатирале дека двајцата патници во возилото, 78-годишниот и 58-годишниот, сами излегле од возилото и не пријавиле повреди од инцидентот. За настанот се води истрага. 

Ова не е прв ваков случај. Автомобил со скопски регистарски таблички при крајот на јуни годинава паднал во море во близина на Неа Каликратија во Грција. 

Слично

Поврзани вести