На Груевски, Јанакиески и Трајковски нема да им бидат одземени пасошите
Пасошите на поранешниот премиер, Никола Груевски, екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски нема да им бидат одземени.
Кривичниот совет ги одби жалбите на Специјалното јавно обвинителство кое ја бараше оваа мерка за нив, бидејќи се осомничени за уривањето на објектот „Космос“ во случајот „ТНТ“. СЈО си сомничи дека Груевски дал наредба да се сруши комплексот, сопственост на бизнисменот и претседател на ПЕИ, Фијат Цановски, а наредбата ја реализирале Јанакиески и Трајковски преку градежната инспекторка во општина Гази Баба. Во „ТНТ“ има уште четворица осомничени од општината Гази Баба.
Слично
