Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Грција и се закануваат нови мерки за штедење

На Грција и се закануваат нови мерки за штедење

Додека Самарас уверува за крај на мерките за штедење, меѓународните кредитори најавуваат можност за барање од владата во Атина нови мерки за штедење. Ова за да се компензираат отстапувањата во буџетот, што на годишна основа само во оваа 2013 година ќе надминат три милијарди евра, соопштува локалниот сајт њуз.ин.

Претставници на Европска комисија, Европска централна банка и ММФ веќе втора недела се во Атина и го инспектираат реализирањето на спогодбата, за да може Грција да ја добие слената транша од 2,8 милијарди евра.

Тие ја проверуваат реализацијата на буџетот во првите два месеца од годината.

Податоците од проверките денеска ќе бидат објавени. Се очекува тие да покажат значително заостанување во делот на буџетските приходи. Надминувањето на орочените долгови може да се покаже како клучно за реализацијата на буџетот, пишува уште грчкиот сајт.

Кабинетот на премиерот Андонис Самарас се надева дека ќе успее да ги покрие буџетските отклонувања и дека има планови и знае како да ги пополни дупките во буџетот.

Во следните денови се очекува Министерството за труд до грчкиот парламент да поднесе предлог закон, што предвидува дополнителни интервенции за буџетското штедење во вредност од 800 милиони евра.

Претставници на економскиот тим во кабинетот на Самарас изјавуваат дека поголем дел од разговорите меѓу владата и Тројката кредитори од ЕК, ЕЦБ и ММФ, се веќе завршени и се надеваат дека пред четврток и најдоцна петок нивната мисија во Атина ќе заврши.

Иако власта се труди да нема повеќе мерки за штедење, левата опозиција, бара избори и предупреди дека ако пак има затегање на ремените, решението ќе го запали општеството.

Слично

Поврзани вести