На Грција и тргна годинава – се намалува и невработеноста
Невработеноста во Грција полека се намалува како резултат на забрзувањето на економското закрепнување, покажуваат податоците на грчката статистичка служба ELSTAT.
Во февруари невработеноста во земјата се намалила до 26,5% од 26,6% во јануари и 26,7% во февруари 2013 година.
Бројот на невработени кај нашиот јужен сосед надминува 1,3 милиони луѓе, и во однос на 2009 година е зголемен речиси 3 пати.
Истовремено вработеноста во Грција исто така продолжува бавно да се намалува за сметка на обесхрабрените лица кои се зголемуваат. Во февруари бројот на вработените Грција е намален до малку над 3,6 милиони луѓе, додека во 2009 година беше речиси 4,5 милиони лица.
Намалувањето на вработеноста во февруари на месечна основа е од 0,1%, а на годишна - 0,2%, посочуваат од статистичката агенција.
Обесхрабрените лица кои не работат и не бараат работа, се зголемиле за 25 251 (0.7%) на годишно ниво и со 12 045 лица (0,4%) за месец до над 3,4 милиони лица.
Најмногу тежок е проблемот со невработеност на младите во Грција, која достигнува околу 57 отсто. Врвот нејзин сепак веќе исчезнал - во февруари минатата година нивото беше над 60 отсто.
Невработеноста кај Грците на возраст помеѓу 25-34 години достигна 34,7 %, но исто така се намалува во споредба со истиот месец минатата година, кога била 36,1 % .
Најниска е невработеноста во Грција во возрасните групи од 55-64 години и од 65-74 години - односно 17,6% и 14,8 %. Трендот сепак е невработеноста во овие возрасни групи да се зголемува за сметка на бавниот пад кај другите возрасни групи.
K.K.
Слично
