На грчкиот остров Крит вчера се измерени 39 степени
На Крит во Грција вчера се измерени рекордни 39 степени.
Дополнително зголемување на температурата во повеќе делови на Грција е регистрирано вчера, а на островот Крит се измерени рекордни 39,1 степени Целзиусов, наспроти 38 степени во неделата, јави дописничката на МИА од Атина.
Податоците од Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“, покажуваат дека за разлика од неделата, вчера, на Крит, Пелопонез и во областа Атика се регистрирани дополнително високи температури, нетипични за овој период од годината.
На Пелопонез се измерени 37,1 степени, на островот Родос 35,4, а во Атина 33,9 степени.
Слично
