На границите пријавени девизи вредни скоро 15 милиони евра
На граничните премини лани се пријавени девизни средства во противвредност на скоро 15 милиони евра, стои во извештајот за работа на Царинската управа во 2015 година.
Од оваа сума 14.761.386 евра се пријавени на влез и 101.400 евра на излез од Република Македонија. Од вкупно пријавените девизи, 12.205.709 се евра, 1.712.410 швајцарски франци, 1.095.202 американски долари, 35.960 британски фунти, 55.000 канадски долари, 20.400 австралиски долари, 425.000 норвешки круни, 66.000 валута на Западна Самоа и 28.000 македонски денари.
Во текот на 2015 година, откриени се 89 обиди за нелегално пренесување на готови пари во различни валути, во противвредност од околу 1,2 милиони евра.
Слично
