На границите меѓу Македонија, Србија и Албанија веќе ги нема фитосанитарните и ветеринарските инспекции
Иницијативата Отворен Балкан стартуваше од денеска.
Од денеска на границите меѓу Северна Македонија, Србија и Албанија ги нема фитосанитарните и ветеринарските инспекции, затоа што трите земји ги усогласија лабораториските анализи за прехранбените производи. Ова значи дека храната што тргнува од Македонија кон Србија, не треба да биде контролирана и во Србија зашто претходно веќе била контролирана кај нас. Помеѓу земјите потписнички на Договорот, Македонија, Србија и Албанија, се разменети мониторинг планови за безбедност за храната и здравјето на животните.
Слично
