На граничните премини транзитирале над 800.000 товарни возила
Во 2015 година преку граничните премини за патен сообраќај транзитирале над 881.000 товарни моторни возила, пишува во годишниот извештај на Царинската управа.
Од нив 511.000 биле полни, а 370.000 празни товарни моторни возила. Најголем промет е остварен на граничните премини со Грција околу 343.000 товарни моторни возила односно околу 39%. На граничниот премин Богородица е остварен 31% од вкупниот промет.
Слично
