На граѓаните им скисна: Иницијатива за прецизно дефинирање кога застаруваат долговите во Македонија
Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија и здруженијата „Но пасаран“ и „Човекот над профитот“ денеска пред Управниот суд ќе одржи прес конференција по повод донесената иницијатива за преиспитување на застареноста на долг на физички лица кое, како што велат, во Македонија едноставно не постои.
Оттаму истакнуваат дека се наплаќаат долгови од пред 25 години, појаснувајќи дека тоа е така поради еден спорен член од законот за извршување кој е намерно вметнат 2009 година.
Слично
