Економија, финансии, бизнис

Контакт

На граѓаните им е скапо, а таксистите едвај го вадат лебот, чаре?

На граѓаните им е скапо, а таксистите едвај го вадат лебот, чаре?
Граѓаните се поретко го користат такси превозот, а такси компаниите работат со значително помал промет. Од здруженијата на таксисти велат дека ваквата состојба се должи на нискиот животен стандард на граѓаните, кои гледаат на секаков начин да заштедат во превозот. -Точно е дека прометот е намален, намален е бројот на патниците, но тоа е последица на нискиот стандард во земјава, граѓаните немаат пари, гледаат на секој начин да заштедат.Ако споредуваме јануари 2014 година со истиот месец лани, прометот е намален за 25 до 30%, вели Абдула Рушити, претседател на Асоцијација на авто-такси превозници на град Скопје. Од такси компаниите велат дека бројот на патници особено се намалил во текот летниот период, кога граѓаните во обид да заштедат, повеќе користат автобус или одат пеш. - Бројката на дневни позиви е различна, зависи од повеќе услови, бројот на возила што го има компанијта, реномето на компанијата. Но секако дека бројот на повици е намален, граѓаните користат повеќе автобус, во летно време велосипед, бараат поевтин начин за превоз, и тоа  директно влијае врз нашата работа,односно врз намалување на прометот,  вели Сашо Рајчановски, претседател на Групацијата на авто-такси превозници на Град Скопје. Градот Скопје ја намали бројката на таксисти Токму поради намалениот промет и интерес на граѓаните да користат  такси превоз, Градот со одлука го намали максималниот број на лиценцирани такси превозници од 2.600 на 2.400. - Причината за пристапување кон предложените изменувања и дополнувања на постојната одлука е што извесен период регистерот за издадени лиценци за обавување на авто-такси превоз на патници во градот Скопје бележи застој во евидентирањето на бројот на превозници, што како показател укажува намален интерес за обавување на оваа дејност. Исто така, се забележува и намален интерес на граѓаните како корисници на такси превозот. Како резултат на ваквата неповолна состојба, такси превозниците доставија барање за намалување на утврдениот максимален број на такси возила со кои може да се врши авто такси превоз на патници. Имајќи го сето ова предвид, се цени дека се создадени услови, максималниот број на такси возила кој сега е утврден на 2600 да биде намален на 2400 како регулаторен зафат во функција на создавање претпоставки за обезбедување на подобри услови за работење на лиценцираните такси превозници и подобар квалитет на превозот за граѓаните, стои во образложението на Предлог одлуката на Град Скопје, која денеска е на дневен ред на седницата на градскиот Совет. Од Градот велат дека намалувањето на максималниот број на такси возила не задира во стекнатото право за вршење на оваа дејност од страна на превозниците кои поседуваат важечки лиценци и изводи од лиценци. Такси превознците позитивно ја оценија ваквата одлука, но дел сметаат дека оваа бројка треба уште да се намали. - Ваквата одлука е по наше барање. Ние уште пред две години баравме да се намали бројот на издадени лиценци,односно бројот на тасисти во гавниот град.Иако јас лично сметам дека и ова намалување не е доволно, според нашите проценки бројката треба да се сведе на најмногу 1.500 такисти, тоа е оптимален број за покривање на потребите на граѓаните и за рентабилно работење, вели Абдула Рушити, претседател на Асоцијација на авто-такси превозници на град Скопје. Од Групацијата на такси превозници велат дека доколку има потреба ќе поднесат барање за зголемување на бројката, но засега овој број е доволен. - Одлуката е во наш интерес. Сите што бараа лиценци добија.Доколку има потреба ќе поднесеме барање за зголемување на бројка, но сметам дека сегашниот број на таксисти е доволен за да одговорими на потребите на граѓаните во главниот град. И во моментов бројката на таксисти се околу 2.400.Во однос на тоа колку таксисти реално треба да има, сметам дека нема некои посебни правила, и во светот тоа е различно. На пример има градови кои се помали од Скопје па имаат повеќе таксисти и обратно. Така Загреб е поголем град од Скопје, а има 1.420 таксисти, вели Сашо Рајчановски, претседател на Групацијата на авто-такси превозници на Град Скопје. Лиценцата такси превозниците од Градот Скопје ја добиваат бесплатно, за пропратните трошоци велат дека  плаќаат околу 3.000 денари, а лиценцата важи четири години. Градот дополнително, го зголеми и бројот на такси стојалишта речиси во сите скопски населби. Нелојалната конкуренција останува клучен  проблем Состојбата со дивите таксисти се решава, но и натаму останува клучен проблем. Такси превозниците велат дека инспекторите се на терен, но сеуште има таксисти кои ризикуваат и возат без лиценци. - Проблемот со дивите таксисти е речиси решен, се помалку од нив се одлучуват на ризик да возат, оти законите се строги. Сега доколку инспекциските служби фатат некој што нема лиценца му го одземаат возилото. Измените на Законот за превоз на патници во патниот сообраќај се уште построги. Во последниов период одземени се 80 возила од диви таксисти. Сега според информациите од нашите колеги, во петок и за викенд во текот на ноќта кога има поголема фрекфенција на луѓе кои се возат со такси, дел од дивите таксисти ставале обични табли и возеле. Ние за ова ќе поднесеме барање до Градот Скопје да ја испитаат состојбата, вели  Рајчановски Според измените во Законот за превоз во патниот сообраќај, сите таксисти до 2017 година ќе мора да научат да зборуваат барем англиски јазик, ако сакаат да земат лиценца. Ова кон крајот на минатата година го најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.Тој најави дека дека часовите ќе ги плаќа министерството, а главно ќе бидат опфатени такси превозниците од главните туристички центри, Скопје, Охрид ,Струга. Со предвидените измени е пропишана и казна од 500 евра ако такси превозникот е паркиран на улица, надвор од обележаните стојалишта. По две изречени казни, освен 500 евра, такси превозникот ќе остане и без лиценца за работа. Ј.С.
Слично

Поврзани вести