На глобалниот пазар на трудот сите бараат ИТ кадри
На глобалниот пазар на трудот сите бараат ИТ кадри, а отпуштањата во финансискиот бизнис не се реакција на краткорочните политички настани, туку на дигитализација, коментира Жак Ван Ден Броек од Randstad Holdings.
По Брегзит британската економија се забавува. „Ако работниците го напуштат Лондон и одат во Франкфурт, Париз или Амстердам, ние ќе одиме со нив. Засега гледаме промена од постојаните позиции кон привремените, но нема масовен ефект во Велика Британија " - коментира тој за ефектите на Брегзит и дигитализација на човечките ресурси во Европа. Според него клиентите се повеќе се загрижени дали ги имаат вистинските кадри. „Гледаме како сите бараат исти луѓе ИТ специјалисти, технолошки вештини. И овие луѓе би требало да дојдат надвор од Европа. Би требало да ги доведеме. Ние ги следиме клиентите на краток и среден рок и за привлекување на овие кадри " - рече Броек. Според него инфраструктурата во САД треба да се подобри. Враќањето на работни места во САД би можело да создаде проблем, бидејќи во некои области на земјата има недостиг на работна сила, а невработеноста е 3-4%.
