НА ГЕРМАНИЈА ОЧАЈНО И ТРЕБААТ РАБОТНИЦИ: Квалификуваните добиваат поволности! Еве кои кадри се најпотребни!
Германија до денес остана елдорадо за луѓето од Балканот, а името гастарбајтер, како што колоквијално се нарекуваат луѓето што заминуваат, остана во секојдневниот говор.
Сепак, со новите реформи за миграција на квалификувани работници, бранот на луѓе кои заминуваат од Балканот, вклучувајќи ја и Македонија би можел да биде уште поголем.
Според проценките, на Германија и се потребни околу 400.000 дополнителни професионални и квалификувани работници.
Со цел да ги замени потребните работни места, германската влада најави поволности за работниците од земјите надвор од Европската унија.
Во Германија ќе може да се дојде без договор за работа, ако имаш диплома дури и да не ти е призната, а ќе има и шанса карта, нова дозвола за престој која им овозможува на квалификуваните работници да останат во земјата до една година додека барате работа.
Германското Министерство за надворешни работи за Би-Би-Си на српски јазик изјави дека овие реформи ќе донесат промени за работниците на неквалификувани работни места и од земјите од Западен Балкан, за што веќе постои посебна регулатива.
„Во моментов се разговара за законот, така што се уште не можеме да објавиме никакви конкретни измени“, накратко додаваат во писмениот одговор.
Што се менува?
Германската влада ги усвои реформите на Законот за имиграција во ноември 2022 година.
„Покрај градежни работници, се бараат водоинсталатери, бравари, монтери, се бараат и ИТ инженери.
Германија бара и медицински персонал, а меѓу најбарани се медицинските и педијатриски медицински сестри, акушерки, а особено негувателки, бидејќи има голема потреба од грижа поради постарата популација.
Германската агенција за труд изјави за Би-Би-Си дека во мај 2022 година, нешто повеќе од 5,5 милиони странски државјани работеле во Германија, а меѓу нив околу 430.000 потекнуваат од Западен Балкан.
Германија, исто така, планира да воведе нов вид виза - картата за шанса - која потенцијалните работници ќе можат да ја користат една година додека бараат работа.
Ќе се доделува по систем на бодови за образование, работно искуство и познавање на германски јазик.
Според плановите на германската влада, на квалификуваните работници со високо образование ќе им биде полесно да носат членови на семејството, полесно ќе добијат дозвола за постојан престој.
Странските државјани ќе можат да бараат работа иако не им се признаваат дипломите.
Пет години престој и работа во Германија би биле доволен услов за аплицирање за државјанство, наместо досегашните осум, објави агенцијата Франс прес во ноември 2022 година.
За луѓето за кои се смета дека особено добро се интегрирале во германското општество, времето на чекање би се намалило на три години, а би било можно и двојно државјанство.
Децата родени во Германија автоматски би станале државјани доколку еден од родителите имигранти легално живее во земјата најмалку пет години.
Министерството за внатрешни работи, исто така, планира да олесни некои јазични барања за постарите имигранти и да им олесни на луѓето да имаат повеќекратно државјанство, според АФП.
Кои правила се моментално на сила?
Во 2020 година, Германија го измени и Законот за миграција на квалификувани работници со цел да ја замени потребната работна сила.
Претходно, лица од трети земји без високо образование можеа да дојдат само ако нивното занимање беше означено како недоволно.
Доколку сакате да аплицирате за други занимања, требаше да проверите дали работник од Германија или друга земја на ЕУ може да ја извршува таа работа.
Кога овој закон стапи на сила, правилото беше укинато и жителите на Германија и ЕУ веќе не беа привилегирани.
На 1 јануари 2021 година стапи на сила нова регулатива, со која на жителите на Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово им се овозможува привилегиран пристап до германскиот пазар на труд, кој важи до крајот на 2023 година.
Тоа значи дека тие можат да аплицираат за работна виза без разлика дали нивната диплома е признаена или не.
Предуслов за добивање виза сепак е согласност од германската агенција за вработување.
Оние со високо образование смеат да дојдат и да бараат работа со помош на сина карта.
Документот е дозвола за престој и работа наменета за жители на земји кои не се дел од Европската унија, а кои имаат завршено високо образование.
