НА ГЕРМАНИЈА ОЧАЈНО И НЕДОСТИГААТ РАБОТНИЦИ - дефицитот на работна сила е поголем предизвик од инфлацијата
Недостигот на квалификувана работна сила, покрај проблемите со жешката инфлација и прескапата енергија, е најголемиот предизвик за средните компании во Германија, оцени Институтот за мали и средни претпријатија. Осврнувајќи се на истражување на повеќе од 1.000 менаџери во текот на јули и август, ИФМ наведува дека 36 отсто од нив го навеле растечкиот дефицит на квалификувани работници како најголем предизвик.
На второ место со 28,2 отсто е предизвикот на климатските промени и одржливоста, пред снабдувањето со енергија со 22,9 отсто и дигитализацијата со 14,9 отсто. Инфлацијата и енергетската криза го заземаа само петтото место во истражувањето, со 12 отсто.
„За време на нашата анкета, испитаниците јасно одговараа на прашањата за кризата и инфлацијата, но сепак како најголем предизвик го опишаа проблемот со недоволниот број квалификувани работници и демографските промени“, вели Анет Ајкс од ИФМ.
Некои од анкетираните компании веќе го опишуваат проблемот со недостигот на нови работници како клучен проблем за опстанок на бизнисот.
(ДПА/Види Биз)
