На Германија ќе и недостигаат најмалку 180.000 медицински работници
Германците имаат потреба од негувателки.
На земјата до 2030 година ќе и недостигаат најмалку 180.000 вработени во медицинскиот сектор. Ова го покажува истражувањето на здравственото осигурување Бармер, кое денеска беше претставено во Берлин.
„Германија се движи кон драматична ситуација кога станува збор за медицинскиот сектор“, изјави еден од директорите на Бармер, Кристоф Штрауб.
Околу шест милиони граѓани до 2030 година ќе бидат зависни од туѓа нега, што е за милион повеќе од досега пресметаната бројка. Трошоците за туѓа нега може да се зголемат од сегашните 49 на 59 милијарди евра годишно.
Македонците се заинтересирани за заминување во Германија. Тоа го покажуваат и барања за работни визи во амбасадата. Поради наплив на барања, работни визи ќе се доделуваат по пат на лотарија.фото EPA
Слично
