Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА ГЕРМАНИЈА И НЕДОСТИГААТ ПОЛОВИНА МИЛИОН РАБОТНИЦИ - бараат за социјалните служби, негуватели, информатичари, физотерапеврти, возачи

НА ГЕРМАНИЈА И НЕДОСТИГААТ ПОЛОВИНА МИЛИОН РАБОТНИЦИ - бараат за социјалните служби, негуватели, информатичари, физотерапеврти, возачи

Германија се соочува со голем недостиг на квалификувана работна сила во речиси сите индустрии. Најголеми проблеми има во секторот за социјална работа. Здруженијата на работодавачи бараат зголемена имиграција на работниците, пренесува Дојче веле.

Помеѓу јули 2021 година и јули 2022 година, на пазарот на трудот во Германија недостасуваа повеќе од половина милион квалификувани работници. Ова е резултат на студијата спроведена од Институтот за германска економија (IW) во Келн. Регистрирани се вкупно 537.923 непополнети работни места.

Најмногу проблеми со вработувањето стручен труд во изминатите 12 месеци имало во секторот социјална работа. Има 20.578 непополнети работни места, што е нов рекорд, тврди IW. „Станува збор за професионалната работна сила која недостасува, на пример, во социјална работа во училиштата, работа со млади, деца и во старечки домови или советување за зависници. Значи во сите оние области каде што е потребна човечка поддршка за решавање на социјалните проблеми“, пишуваат авторите на студијата Хелен Хикман и Филиз Конеберг.

Сличен недостиг на стручна работна сила е забележан и во секторот каде што работат просветните работници - 20.500 работни места сè уште се непополнети. „Ова е рекордна вредност во тој сектор“, се вели во студијата на IW. Во домовите за стари лица недостигаат 8.279 негувателки, потребни се 16.974 електротехничари, а уште 16.839 работници се потребни во здравствениот сектор, односно грижата за пациентите.

Сè потешко е да се најде професионална работна сила за санитарните компании, односно оние компании кои се занимаваат со системи за греење или одржување на климатизација. Им недостасуваат 14.013 работници. Германските компании бараат 13.638 ИТ специјалисти, 12.060 физиотерапевти, 11.771 техничари за одржување на моторни возила и 10.562 професионални возачи. За возачите, IW предвидува дополнително заострување на состојбите на пазарот на трудот, со оглед на фактот дека „вработените се натпросечно стари и имајќи го предвид недостатокот на помлади луѓе“.

Нов закон за имиграција?

Претседателот на здружението на работодавачи од металопреработувачката индустрија Стефан Волф се залага за донесување нов закон за имиграција поради недостигот на квалификувана работна сила. „Потребен ни е закон за имиграција каков што има Канада“, изјави тој за весниците на медиумската група „Функе“. И додаде: „На имигрантите мора да им се гарантира долгорочно право да останат во Германија“.

Во Канада, според Волф, решиле голем број проблеми со усвојувањето на законот за имиграција. А во Германија законот за имиграција на квалификувана работна сила содржи бројни компликации и пречки, се жали: „На оние што доаѓаат им треба осигурување и доживотна сигурност“. Предуслов за тоа мора да бидат квалификации и познавање на јазикот“.

Сегашниот германски закон за имиграција на квалификувана работна сила стапи на сила на 1 април 2020 година. Целта е да се олесни доаѓањето на квалификувана работна сила од трети земји. Како што покажа неодамнешното истражување спроведено од Германската комора за индустрија и трговија (ДИХК), 56 отсто од компаниите во Германија сметаат дека недостигот од квалификувана работна сила е ризик за нивниот сопствен бизнис.

Извор: Блиц.бизнс

Слично

Поврзани вести