Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Германците им требаат работници, регрутираат и средношколци

На Германците им требаат работници, регрутираат и средношколци

Болниците и домовите за стари лица во Германија се подготвени да платат од 500 до 2000 евра за да најдат работник од странство кој пробно ќе работи 6 месеци. 

Но,  побарувачката на кадри оди чекор понатаму, така што Германците веќе имаат поделено промотивни материјали и по училиштата во Србија. 

На овој начин Германците настојуваат да си ја обезбедат работната сила која ја немаат. 

На учениците им нудат волонтирање, стипендирање, пракса, и вработување, а одличното знаење на германски јазик не е задолжително. 

Од 2013 година наваму масовно лекари и медицински персонал од Србија заминува во Германија. 

Земјата планира да „увезе“ 120.000 лекари. 

Кадри се бараат за местата во Германија кои важат за побогати и понаселени. 

Слично

Поврзани вести