Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Европа не и се допаѓа идејата за „мини Шенген“

На Европа не и се допаѓа идејата за „мини Шенген“

Мнозинството од земјите во Европската унија (ЕУ) не ја прифаќа идејата на Холандија за "мини Шенген" за справување со контролата на заедничките граници, иако некои признаваат дека до тоа може да се прибегне како последен чекор, пишува интернет изданието euractiv. com.

Идејата беше лансирана од холандската влада во ноември минатата година. Тогаш стана јасно дека Холандија бара опција за основањето на помал договор во кој ќе учествуваат Холандија, Белгија, Луксембург, Германија и Австрија. Земјите во овој "мини Шенген" се планираше да работат заеднички за повеќе внимателна контрола на надворешните граници, како и да применуваат построги проверки на барателите на азил во моментот на нивното пристигнување.

Според публикации во медиумите Берлин ја поддржал идејата, но во малку поголем формат - со учество на Франција. Централноевропските земји не се планираше да учествуваат во овој формат како казна за нивната неподготвеност да прифатат бегалци по квота системот. Италија и Грција, исто така не се предвидуваше да учествуваат, бидејќи Рим и Атина се обвинувани за бегалската криза заради слабата заштита на границите и недостатокот на регистрација за пристигнуваните бегалци.

Во новиот формат не се предвидува да учествуваат и скандинавските држави, но тие имаат доста богата историја во однос на слободните граници  од контрола на Шенген, посочува весникот.

Подоцна, сепак Германија најави дека идејата не се дискутира или барем се уште не се дискутира. Портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи коментира пред изданието дека позицијата на Германија останува непроменета и целта е зачувување на Шенген во интегритетот. "Слободата на движење во рамките на Шенген простор е едно од најголемите достигнувања на луѓето во Европа", коментираше портпаролот Штефан Заиберт пред неколку недели.

Заиберт сепак посочи дека Шенген може да функционира само кај ефикасна заштита на надворешните граници на ЕУ.

Според експертите сепак основањето на "мини Шенген" е сеуште реалнo сценарија, уште повеќе, дека Германија не може да си дозволи во земјата да пристигнат уште над 1 милион лица колку пристигнаа минатата година. Истовремено Грција на пример одбива да наметне поефикасна контрола на границата, поради што се повеќе европски држави се суспендирани од привремено дејството на Шенгенскиот договор.

Европската унија не ја разгледува можноста за прекин на Шенгенскиот договор, увери комесарот за прашања на миграцијата Димитрис Аврамопулос пред неформалниот состанок на министрите за внатрешни работи на заедницата, кој се одржува во Амстердам.

Комесарот коментира уште дека не гледа опасност за Шенген и ќе биде најден начин да биде заштитено едно од "најважните европски достигнувања", соопштува руската новинска агенција ТАСС.

Во последните денови Аврамопулос на неколку пати ја коментира важноста на Шенгенскиот договор. "Ако Шенген пропадне, тоа ќе влијае и целата европска структура ќе почне да се урива", изјави тој, дополнува Financial Times.

За строга контрола на грчко-македонската граница се изјасни во петокот (22-ти јануари) словенечкиот премиер Миро Церар. Тој посочи дека има поддршка од голем број централноевропски земји, меѓу кои Унгарија и Полска. "Позитивни сигнали" има и од Брисел, објаснија уште словенечките власти.

Слично

Поврзани вести