Економија, финансии, бизнис

Контакт

На ерата на евтината енергија ѝ се ближи крајот, вели Игор Сечин

На ерата на евтината енергија ѝ се ближи крајот, вели Игор Сечин

Директорот на рускиот нафтен гигант „Росњефт", Игор Сечин на "XIV" Евроазискиот економски форум изјави дека на ерата на евтината енергија ѝ се ближи крајот. 

Вели дека дестимулацијата на традиционалната енергетика доведува до намалување на вложувањето неопходно за одржување на нивото на производство на традиционалните енергенти, што ќе предизвика недостиг и уште поголемо поскапување.

„Високите цени на енергенсите без сомнение ќе го забават економскиот раст и ерата на релативно ниските цени на енергија, која трае речиси 100 години и која е главен поттик за развој на светските економии би можела да заврши", рече извршниот директор на „Росњефт".

На светот му се заканува енергетска криза. Европската унија соопшти дека ќе ѝ обезбеди на Молдавија 60 милиони евра за да ѝ помогне на земјата да ја менаџира кризата со природен гас. 

Слично

Поврзани вести