Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА ЕДНА ДЕВОЈКА И ГИ ПРЕСЕКОВ ВРАТОТ, ЗАКОПУВАВ РАСПАРЧЕНИ ТЕЛА: „Бомбаштот“ од Белград испрати ваков мејл до стотина школи

НА ЕДНА ДЕВОЈКА И ГИ ПРЕСЕКОВ ВРАТОТ, ЗАКОПУВАВ РАСПАРЧЕНИ ТЕЛА: „Бомбаштот“ од Белград испрати ваков мејл до стотина школи

Повеќе од 200 основни и средни училишта низ Белград, како и една детска градинка, утринава добиле пријави за бомби во нивните објекти, а полицијата веќе на терен и врши увид во објектите. Нови извештаи за бомби почнаа да пристигнуваат во раните утрински часови, а на адресите на неколку различни училишта стигна и мејл со иста содржина.

Српските медиуми денеска ја објавија содржината, која е запрепастувачка.  на еден од мејловите за поставените бомби, кои пристигнале во белградските училишта и градинки.

„Не можам целосно да разберам што ме тера да го напишам ова писмо. Ова можеби е неопходно за да се остави барем некое објаснување за многу дејствија. Четврток, 11 ноември 2021 година. Белград, навечер. Видов една млада девојка, нешто во мене се „скрши“, и почнав да бркам. Слушајќи ги моите чекори, таа се сврте, но јас ја стигнав, ја фатив за врат и ја одвлеков на страна. Таа почна да се спротивставува, а потоа и го исеков вратот со нож. Направив уште 3 слични убиства на млади девојки во Србија. Телата им ги распарчив и ги закопав. Само се обидов брзо и безболно да ја завршам работата. Уморен од овој ужасен живот.Ништо не се менува - сите ми се смеат, никој не гледа на што сум способен. Немам иднина. Имам оружје. Многу оружје. Ќе се убијам, одземајќи што повеќе животи. „Ако има рај на светот, тогаш децата сигурно ќе одат таму, а ако нема рај, тогаш ќе ги спасам од страдање овде на земјата“, пишува во електронската пошта за бомбите што ги добиле училиштата низ Белград.

Повеќе од 200 основни и средни училишта низ Белград, како и една градинка, добија дојава за експлозивна направа, а планирано е наставата да се одвива онлајн во голем број училишта.

ФОТО: Инстаграм

Слично

Поврзани вести