Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА ДВА МЕСЕЦИ ПРЕД ПЕНЗИЈА - знаел дека е во ризик, но се борел до крај

НА ДВА МЕСЕЦИ ПРЕД ПЕНЗИЈА - знаел дека е во ризик, но се борел до крај

Доктор Миодраг Лазиќ, познат српски хирург, лекар во Клиничкиот центар во Ниш почина вчера како последица на коронавирусот.

Болните од оваа опасна болест му оддадоа последна почит со песна за неговите залагања.

Како што напиша во својата проштална порака, и покрај неговата возраст и болест, тој не сакаше да се симне од првите редови на борбата, туку остана со својот медицински персонал и го направи она што го знаеше најдобро, спасувајќи ги животите на луѓето.

Тој се памети и по тоа што спаси безброј животи за време на војната во 90-тите години, а почина откако се бореше со коронавирусот. Неговиот пријател го сподели со јавноста прошталното писмо од овој извонреден експерт и човек:

„Денес, нè напушти Прим.д-р Миодраг Лазиќ, хирург, голем човек, мојот голем пријател, учител, втор татко. Тој ме замоли да ги пренесам неговите последни зборови“, пишува пријателот.

Еве што има во писмото.

„Отидов искрено и фер. Како директор на УЗ два месеци пред пензија, јас застанав пред моите луѓе, драги доктори и медицински сестри. Бев на фронтот, не се криев, напротив. Знаев дека со сите мои болести и години имав голем ризик, но честа и гордоста не ми дозволуваа да се скријам. Таков бев и на бојното поле Краина во текот на една година, на бојното поле во Сараево 4 години, за време на бомбардирањето на НАТО. Не сакав да заминам тивко, туку онака како што одев целиот живот, како што го знаат моите пријатели, колеги, семејство. Сите ми рекоа да се тргнам, но никогаш не би си го простил тоа“, е дел од прошталното писмо.

Слично

Поврзани вести