Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА ДРЖАВНИТЕ СОВЕТНИЦИ СО 55 ГОДИНИ СТАРОСТ И 15 СТАЖ ЌЕ ИМ СЕ ПОНУДИ ПРЕДВРЕМЕНО ПЕНЗИОНИРАЊЕ - професорката Данева открива друг детал од Законот за административни службеници

НА ДРЖАВНИТЕ СОВЕТНИЦИ СО 55 ГОДИНИ СТАРОСТ И 15 СТАЖ ЌЕ ИМ СЕ ПОНУДИ ПРЕДВРЕМЕНО ПЕНЗИОНИРАЊЕ - професорката Данева открива друг детал од Законот за административни службеници

Ова е прв пат во историјата на државата да се подготвува закон за јавни службеници без да се формира работна група во која ќе членува стручната јавност, академската јавност и невладините организации. 

Ова за емисијата „25 минути“ го изјави универзитетската професорка Ана Павловска Данева.

Таа откри и една друга многу интересна работа за законот за административни службеници која малкумина досега ја знаеле, а таа е дека со законот се планира да им се понуди предвремено пензинирање на сите државни службеници со 55 години навршена старост, и 15 години стаж, што според неа, е неправилно, бидејќи тие токму тогаш, го имаат потребното искуство во работата. 

„Втората новина за која многу малку се зборува и за која Владата не предупреди и не го објасни тоа, е дека ќе се отстранат државните советници од сите министерства и органи на управата, односно најголем број од државните советници ќе бидат отстранети. На нив ќе им се понуди предвремено пензионирање и исплаќање со отпремнина, и ова е за сите државни службеници кои имаат навршено 55 години старост и 15 години стаж.

Јавноста треба да знае дека државниот советник е највисоката службеничка фигура во хиерархијата на службите. Факт е дека има премногу државни службеници во нашите министерства, но после 15 години тие имаат најголемо искуство“, рече Данева.

Додаде дека за експертите било големо изннадување не само тоа дека се носи потполно нов закон, туку и одредени решенија за кои не било дискутирано. 

„За скратеното работно време во петоците гледаме дека претседателот на Владата изјави дека ќе отстапи од таквиот предлог, на изненадување на сите нас беше што такво решение е предложено. Тоа беше искритикувано од целата јавност.“, рече Данева.

Слично

Поврзани вести