На ДПА не и се допаѓа предлогот за нов државен грб
Демократската партија на Албанците (ДПА) на Мендух Тачи бара да се повлече предлогот за нов државен грб на Република Македонија, што Владата веќе го усвои.
Според партијата, црвениот лав на златно-жолта основа со круна е целосно партиски и едноетнички.
„Целосното потчинување на ДУИ спрема ВМРО овие денови кулминира со предлогот на владата за државниот грб, поднесен од министерството за правда, кое се раководи од кадарот на ДУИ, Аднан Јашари. Со овој предлог за државниот грб не само што не се прави деетнизација на државните симболи туку се случува спротивното“, смета Беким Фазлиу од ДПА.
Наместо ова решение, ДПА бара да се предложи друг државен грб „кој ќе ги одразува спецификите на двата најголеми народи“.
Слично
