Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Денот на македонската полиција оддадена почит на загинатите полицајци

На Денот на македонската полиција оддадена почит на загинатите полицајци

Роднините на загинатите припадници на МВР денеска дојдоа за да им оддадат почит пред спомен обележјето во дворот на министерството.

Во нивна чест беше положено свежо цвеќе. Дел од роднините на загинатите кои се од другите градови од Македонија, со полициски возила беа донесени во Скопје. Освен во седиштето на МВР, денеска и во другите градови низ Македонија на спомен обележјата ќе биде положено цвеќе.

Цвеќе ќе биде положено пред спомен обележјето на граничната полиција, ќе биде посетен споменикот во паркот Жена борец, подароци ќе добијат децата од Домот за деца без родители „11 Октомври“, Домот за доенчиња и мали деца во Битола, и Дневиот центар за деца со посебни потреби во Тетово.

Во касарната „Илинден“ денеска ќе се одбележи Денот на македонската полиција.

Слично

Поврзани вести