Економија, финансии, бизнис

Контакт

На дел од патните правци во државата има ограничувања

На дел од патните правци во државата има ограничувања

Од АМСМ информираат дека на регионалниот пат Р- 1108 Гевгелија – Смрдлива Вода- ски центар Кожуф 2+350 км поради стеснување на коритото на Коњска река за изградба на ХЕЦ и надојдени големи количества на вода однесена е една колвозна лента од патот во дожина од 15 – 20 метри.

Екипите на ЈП „Македонија пат“ со градежна механизација ги расчистуваат наносите и е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На регионалниот пат Р-2137 пред населено место Војшанци, поради деформации на мостот (за возила со вкупна маса над 5 тона) сообраќајот се пренасочува преку мост на река Вардар, врска А1 со Р-2137 (Демир Капија – Корешница – Војшанци).

На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Слично

Поврзани вести