Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Црна Гора ù требаат македонските работници

На Црна Гора ù требаат македонските работници
Македонската и црногорската Агенција за вработување потпишаа Меморандум за соработка, со кој треба да се олесни пристапот и ангажирањето на македонските работници на црногорскиот пазар на труд. Минатата година, во Црна Гора сезонски биле пријавени дека работат 3.500 Македонци, иако надлежните се свесни дека бројот е многу поголем, со оглед на тоа што еден дел заминуваат да работат на црно. Сега со новопотпишаниот Меморандум, треба да се подобри третманот на работниците, тие да бидат повеќе заштитени, а нивниот статус да биде регулиран и да бидат легално вработени. „Конечно ќе имаме евиденција на сите Македонци кои работат во Црна Гора и обратно, a ќе можат да се добијат информации за тоа како да бидат легално вработени и во двете држави“, истакна директорот на АВРМ Влатко Поповски. За македонските сезонски работници ќе има работа во Црна Гора и претстојната сезона. Се реализираат крупни инвестиции на приморјето за кои ќе има потреба од ангажирање домашен и странски кадар. „Цел на регионот и на Европа  е проблемот на невработеноста  да го направиме помал и да ги направиме корисниците на нашите услуги по задоволни.Ќе се потрудиме да реализираме проекти преку кои повеќе млади луѓе ќе се вработуваат и од двете држави“, истакна директорката на црногорскиот Завод за вработување Вукица Јелиќ.
Слично

Поврзани вести