На Црна Гора ќе и недостигаат 700 милиони евра следната година во буџетот
Предлог-буџетот за 2023 година на Црна Гора ќе биде „тежок“ 2,85 милијарди евра, а ќе недостигаат 700 милиони, изјави министерот за финансии Александар Дамјановиќ.
Тој во гостувањето на Телевизијата на Црна Гора најави дека предлог-буџетот ќе биде испратен до Собранието во понеделник или вторник.
„Се обидуваме да планираме реална буџетска одржлива рамка која во најголема мера ќе ги задоволи елементите на зачувување на животниот стандард на граѓаните, поддршка на економијата, односно создавање простор за стекнување одредена одржлива стабилност преку растот на економската активност, преку растот на инфраструктурните проекти што треба да ги иницираме“, рече Дамјановиќ.
Кога станува збор за проектирање на буџетот за 2023 година, Дамјановиќ рече дека станува збор за цифра од околу 2,85 милијарди евра.
Дамјановиќ посочи дека проектираниот дефицит е пет проценти од БДП, а парите што недостасуваат ќе се обезбедат од депозити и кредитни долгови и посочи дека по секоја цена не треба да се бега од соработката со Меѓународниот монетарен фонд.
