На четворица Македонци им ги оштетиле автомобилите во Грција
Уште четири нови случаи на оштетување на возилата на македонски граѓани во Грција, забележа граничната полиција.
Од МВР соопштија дека се евидентирани четири оштетени возила во период од една недела.
На Охриѓанец со автомобил „Citroen C4“, со остар предмет му го изгребале возилото од двете страни од предниот до задниот фар и бил пречкртан знакот МК.
На возилото „VW Passat“ со кочански регистарски ознаки пак, на хаубата со остар предмет му било изгравирано „МК=GR“.
Оштетен е автомобил ,,Chevrolet" на Скопјанец, кому со црн спреј му ја обоиле шофершајбната и двете регистарски таблички.
Слично оштетиле и ,,Ford", со кумановски таблици, на кој со црн спреј му ги испрскале регистарските таблици во делот на ознаката МК како и дел од предниот и задниот браник.
