Економија, финансии, бизнис

Контакт

На чело на ДПА застана Зијадин Села

На чело на ДПА застана Зијадин Села

Кормилото на ДПА од денеска го презема струшкиот градоначалник Зијадин Села.

Тој беше изгласан од страна на 617 делегати на овој шести конгрес на оваа партија.

Села побара од поранешниот претседател  на партијата Мендух Тачи да ги врати печатите, а во спротивно ќе се соочи со судска постапка.

- Нашиот избор е легитимен. Сега ќе се обратам до Мендух Тачи да ги врати печатите. Ако тоа не го направи ќе има судски спор. Знаејќи какво е нашето судство, очекуваме и на суд да не добиеме. Во тој случај ќе постапиме според одредба во новиот статут каде се вели дека Конгресот авторизира или наредува да се поведе постапка за да се формира нова партија - изјавил Зијадин Села на новинарските прашања околу правната разврска за тоа кој ќе ја раководи партијата.

Според зборовите на новиот претседател оваа партија ќе функционира опозициски при што ќе се труди да стекне доверба кај албанските гласачи за наредните избори.

Во врска со последните актуелни политички случувања струшкиот градоначалник посочува дека се срами од Тачи чиј глас можеше да се слушне во аудио разговорите кои ги објавува опозицијата.

Тој најави седиште на партијата и во Скопје, покрај тетовското.

Слично

Поврзани вести