Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија не се брза да влезе во еврозоната

Бугарија не се брза да влезе во еврозоната
Бугарија не прави притисоци да влезе во еврозоната, бидејќи економијата не е доволно стабилна и успешна. Ова го истакна бугарскиот министер за финансии, Симеон Џанков на предавање во Институтот за меѓународна економија "Питерсон" "Ќе почекаме уште неколку години за да влеземе во еврозоната, додека работите се смират. Многупати сме кажале дека Бугарија има желба да се приклучи, но сакаме да плаќаме за неуспешните политики на некои нејзини членки ", истакнал Џанков.  Според него ситуација во монетарната унија е "динамична" и "ако почнеме процедурата за влез, нема да знаеме точно во каква формација влегуваме и затоа ќе почекаме ". Министрите за финансии на ЕУ усвоија во декември минатата година план, според кој банките во монетарната унија ќе бидат ставени под единствен надзорен орган. Според Симеон Џанков овој чекор е во вистинската насока, но не доволно.
Слично

Поврзани вести