На Бугарија и требаат 20.000 ИТ инженери
Просечната плата на ИТ инженерот е 6 пати над националниот просек и се движи околу 3.500 лева.
Околу 20.000 се потребни на бугарскиот пазар, а фирмите се прашуваат како да се потполни дефицитот. Податоците на Министерството за образование покажуваат дека излегуваат речиси пет пати помалку кадри од потребите на пазарот. Универзитетите ги обучуваат студентите за инженери, а компаниите се соочуваат со недостиг од програмери.
„Проблемот е повеќе од хроничен и повеќе од 10-годишен веќе. Пример околу 2000 работат, а на нас ни требаат околу 6000, тоа беше 2012-та година"- вели Стамен Кочев од Асоцијација на софтверските компании.
Секоја година Бугарија губи 5% од ИТ инженерите, а според податоците на универзитетите секој петти студент заминува надвор.
